Burak Bir
16 Декември 2019•Ажурирај: 20 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Откако пред речиси една година Турција ги забрани бесплатните пластични кеси, според податоците на Владата, употребата на кесите опадна за над три четвртини, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од турското Министерство за животна средина и урбанизам соопштија дека со падот на употребата на пластичните кеси за 77,27 отсто, за последните 11 месеци пластичниот отпад е намален за околу 150.000 тони.
Податоците покажуваат дека на светско ниво, годишно се користат 5 билиони пластични кеси, од кои 5 милијарди тони се користат во Турција, односно речиси 35 кеси по лице месечно, пред промената на политиката минатиот јануари.
Повеќето пластични кеси сега се продаваат за 0,25 турски лири (0,05 долари), од кои 0,15 лири (0,03 долари) одат за проекти за животната средина.
Неколку земји од Европската Унија (ЕУ), меѓу кои и САД, Франција, Холандија и Шведска, усвоија слични политики.
„Благодарение на промената на политиките, за период од 11 месеци спречена е емисија на околу 6.000 тони стакленички гасови“, соопшти турското Министерство.
Пазарите и производителите исто така се казнувани со 120.000 лири (над 20.500 долари) за кршење на законот.
Турција исто така има проект за нула отпад, предводен од првата дама на Турција, Емине Ердоган, за намалување на отпадот кој не може да се рециклира.