Турција, култура и уметност

Турција и Албанија ќе соработуваат на полето на заедничкото наследство

Потпишан е Протокол за соработка за заштита на заедничкото историско и културно наследство, кој е подготвен со цел зачувување на заедничкото наследство во Албанија и зајакнување на историските и културните врски помеѓу Турција и Албанија

Yasemin Kalyoncuoğlu  | 03.06.2021 - Обновена : 04.06.2021
Турција и Албанија ќе соработуваат на полето на заедничкото наследство

АНКАРА (АА) - Министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој, се состана со министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити и министерот за животна средина и туризам на Албанија, Бленди Клоси, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ерсој со албанските министри се состана во турското Министерство за култура и туризам во Анкара.

По средбата Ерсој и Маргарити го потпишаа Протоколот за соработка за заштита на заедничкото историско и културно наследство, кој е подготвен со цел зачувување на заедничкото наследство во Албанија и зајакнување на историските и културните врски помеѓу Турција и Албанија.

Во рамки на протоколот ќе се одвиваат заеднички работи за ревитализирање на историските центри во Албанија и ќе се реализира соработка во насока на спроведување на заемните реставраторски проекти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın