Hakan Mehmet Şahin
02 Јуни 2021•Ажурирај: 02 Јуни 2021
ЕДРЕНЕ (АА) - Турските безбедносни сили приведоа најмалку 22 осомничени за нивната поврзаност со терористичката организација ФЕТО, велат безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Антитерористичките тимови на полицијата во северозападната турска област Едрене спроведоа операција за приведување на 23 осомничени лица, меѓу кои разрешени инспектори, комесари, универзитетски професори, воен персонал, адвокати и службеници во активна служба.
Вкупно 22 лица се приведени во истовремени операции во 13 области низ земјата.
Напорите за фаќање на останатиот осомничен се во тек.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.