Турција

Турската полиција во изминатите 10 месеци приведе 2.991 лице за поврзаност со терористичката ДЕАШ

„Во периодот помеѓу 1 јуни 2023 година и 22 април 2024 година турските безбедносни сили изведоа вкупно 1.422 операции против терористичката организација ДАЕШ“

Faruk Zorlu  | 25.04.2024 - Обновена : 27.04.2024
Турската полиција во изминатите 10 месеци приведе 2.991 лице за поврзаност со терористичката ДЕАШ

АНКАРА (АА) - Полицијата во Туркије во изминатите 10 месеци приведе 2.991 лице за кои постои сомнение за поврзаност со терористичката организација, соопшти денес турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, пренесува Анадолу.

„Во периодот помеѓу 1 јуни 2023 година и 22 април 2024 година турските безбедносни сили изведоа вкупно 1.422 операции против терористичката организација ДАЕШ. За време на овие операции приведени се 2.991 осомничен“, истакна Јерликаја преку платформата Х.

Од нив, 718 се формално приведени, а 566 се ослободени под судски надзор, додаде Јерликаја.

Исто така, 23 осомничени се приведени во рации извршени истовремено во седум турски области против терористичката организација ДАЕШ.

Рациите се спроведени во Чанаккале, Хатај, Коња, Сакарија, Текирдаг, Јалова и Јозгат.

Операциите се дел од активностите за борба против тероризмот и попречување на активностите на екстремистичките групи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.