Mertkan Oruç,Zeynep Duyar
25 Април 2024•Ажурирај: 28 Април 2024
АНКАРА (АА) - Туркиските држави одлучија да формираат заеднички тим од инженери за изградба на сателити, јавува Анадолу.
Мирзовхид Азимов, заменик-генерален секретар на Организацијата на туркиски држави, за Анадолу рече дека одржале продуктивен состанок организиран од Турската вселенска агенција во Анкара.
На состанокот е договорено формирање техничка група за истражување за нивниот проект CubeSat. CubeSats (кјубсатс) се мали сателити што можат да носат научни инструменти во вселената.
„Тимот ќе го спроведува проектот во истражувачки центар во Казахстан, а наша крајна цел е да го лансираме CubeSat во вселената, со цел да ги истражиме условите на нашите земји членки и да ги започнеме долгоочекуваните студии“, додаде тој.
- „Горди што Туркије го испрати својот прв патник во вселената“ -
Азимов рече дека цел е да ја зголемат соработката меѓу универзитетите и истражувачките центри за вселенски истражувања.
„Туркије во голема мера придонесува за развојот на соработката за вселената во рамките на нашата организација. Бевме горди кога Туркије го испрати својот прв патник во вселената, а сега ќе го лансира и сателитот Турксат 6А.“
„Искуството на Туркије во областа на вселената ќе биде корисно за сите туркиски држави бидејќи земјата е подготвена да го сподели своето знаење“, додаде тој.