Enes Canlı
29 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
АНКАРА (АА) - Командантот Махмуд ал-Верфали, кој врши егзекуции по методите на ДЕАШ во Либија, започна да бара нови борци за Калифа Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили на истокот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Калифа Хафтар, кој неодамна претрпе низа порази и се обиде да спроведе нов државен удар, го назначи командантот Верфали, кој се бара од Меѓународниот кривичен суд како воен злосторник, да бара нови борци.
Според профилите на социјалните мрежи блиски до Хафтар, Верфали со висока сума на пари заминал во подрачјето на Бени Велид, на југоистокот на главниот град, да собира борци за редовите на Хафтар.
- Кој е Верфали, кој се бара за воени злосторства?
Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата, својата воена структура ја нарекува Либиска национална армија. Сепак, оваа таканаречена армија, се состои од големи и мали групи на милиции.
Медхали Селефилер има значително место во вооружените сили на Хафтар.
Со баталјонот „Нида“, управува Махмуд ал-Верфали, припадник на Верфали - едно од племињата во кое најмногу инвестирал либискиот лидер Муамер Гадафи.
За Верфали од Меѓународниот кривичен суд беа издадени две потерници за апсење поради осум различни егзекуции, кои беа снимени на камера за време на судирите во Бенгази и Дерн. Тој во редовите на Хафтар е вклучен во 2017 година.
На инсертите кои беа објавени на социјалните медиуми се гледа како Верфали стрела врз лица облечени во иста униформа чии раце се врзани, а очите покриени, наводно осудени од судот.
Во времето кога се појавија снимките, Франција, Италија, Велика Британија и Соединетите Американски Држави (САД) во заедничка декларација повикаа „правично и темелно да се испитаат егзекуциите“ на Верфали.
Страната на Хафтар пак тврдеше дека „Верфали е уапсен и дека обвиненијата ќе бидат поднесени до судството“ со цел да се ослободи од бурата реакции од јавноста, предизвикана од снимките.
Откако доживеа стратешки пораз во Гирјан за време на нападот врз главниот град Триполи, Хафтар во јули 2019 година соопшти дека Верфали е унапреден од наводен чин мајор на чин полковник.
Говорејќи за новинската агенција „Спутник“, военото обвинителство на таканаречената Либиска национална армија извести дека Верфали нема да биде предаден на Меѓународниот кривичен суд, тврдејќи дека судскиот процес против Верфали започнат во ноември 2019 година продолжува во воениот суд во Бенгази.
Верфали, по последниот повик на Хафтар, објави видео-порака со што се приклучи во кампањата за Хафтар да стане претседател на државата.
Верфали, кој изврши егзекуции слични со методите на ДЕАШ, преку видео-пораката ги елиминира тврдењата дека нема добри односи со Хафтар.