Bayram Altuğ
29 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
ЖЕНЕВА (АА) - Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, нагласи дека дејствувале брзо и одлучно за да го алармираат светот во врска со новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гебрејесус, на прес-конференцијата преку видеоконференциска врска одржана во седиштето на СЗО во Женева, Швајцарија, хронолошки го објасни процесот кој го следеле по појавата на вирусот на 1 декември 2019 година во Вухан, главниот град на кинеската провинција Хубеј.
„СЗО дејствуваше брзо и одлучно за да го предупреди светот уште од самиот почеток. Предупредувавме рано и често“, истакна Гебрејесус, додавајќи дека од јануари постојано одржување прес-конференција во врска со вирусот, дури и добиле критики за тоа.
Тој исто така рече дека испратиле милиони комплети тестови за Ковид-19 и заштитна опрема во земјите што имаат потреба од нив.
- Не се осврна на повикот „не носите ограничувања за патувања во Кина“ -
Гебрејесус во хронолошкиот редослед за Ковид-19, не се осврна на честиот повик што го упатија до меѓународната заедница „да не се ограничуваат патувањата во Кина“.
СЗО на 30 јануари прогласи „меѓународна здравствена вонредна состојба“ поради Ковид-19. Гебрејесус истакна дека за прогласување на таква состојба главната причина не биле случувањата во Кина, туку случувањата во другите земји. Тој исто така рече дека нема причина за ограничување на патувањата и трговските активности со Кина.
Гебрејесус уште на 3 февруари кажа дека СЗО е против ограничување на патувањата и трговските активности со Кина.