Ali Makram Ghareeb
13 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
ДИЈАЛА
Во бомбашки напад на терористичката организација ДЕАШ во подрачјето на ирачката покраина Дијала ранети се четворица цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Капетанот од полициската управа Дијала, Хабиб ес Шамари, изјави за АА дека терористите со далечински управувач активирале експлозивна направа, претходно поставена на патот.
Тој потврди дека во експлозијата се ранети четворица цивили, додавајќи дека е во тек операција за откривање и фаќање на сторителите.
Ирак е средиште на повеќедецинска длабока политичка и безбедносна криза, а од почетокот на октомври во тек се и антивладините протести на кои демонстрантите бараат оставка од премиерот Адел Абдул Махди.