Турција

Турската армија неутрализираше 76 терористи во текот на минатата недела

Во соопштението се вели дека во периодoт меѓу 6 и 12 јули, Турската армија извршила антитерористички операции во источните турски области Ширнак, Хакќари, Карс, Агри, Мардин и Битлис, како и во регионите во северен Ирак.

Nilay Kar  | 13.07.2018 - Обновена : 14.07.2018
Турската армија неутрализираше 76 терористи во текот на минатата недела

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот Генералштаб денес издаде соопштение во кое се вели дека во текот на минатата недела во северен Ирак и Турција биле неутрализирани 76 терористи на ПКК, вклучувајќи и тројца високи членови, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението се вели дека во периодoт меѓу 6 и 12 јули, Турската армија извршила антитерористички операции во источните турски области Ширнак, Хакќари, Карс, Агри, Мардин и Битлис, како и во регионите во северен Ирак.

За време на антитерористичките операции, исто така се уништени 30 пушки, вклучувaјќи пешадиски пушки и снајпери, како и 8 импровизирани експлозиви.

Во текот на овие оперции загина еден турски војник, а други седум беа повредени.

ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации од страна на Турција, САД и ЕУ, ја продолжи својата вооружена кампања против Турција во 2015 година.

Оттогаш, одговорна е за смртта на повеќе од 1.200 лица на турскиот безбедносен персонал, но и на цивили, вклучувајќи жени и деца.

Армијата соопшти дека од лансирањето на турската операција „Маслинова гранка“ во сирискиот регион Африн, биле неутрализирани вкупно 4.540 терористи.

Операцијата во Африн започна на 20 јануари, во согласност со турските права, засновани на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации.

Според турскиот Генералштаб, операцијата е со цел воспоставување безбедност и стабилност долж турските граници и регионот, како и да ги заштити Сиријците од терористичкото угнетување и суровост.

Во соопштението, исто така се вели дека Турската и Американската армија од 18 јуни извршиле 13 одвоени координирани патроли во областа меѓу регионот на операцијата „Штитот на Еуфрат“ и Мунбич.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.