Турција

Турска Анталија оваа година домаќин на 120.000 меѓународни голф-играчи

Турција како дестинација ги привлекува меѓународните играчи на голф со своите турнири кога во Европа преовладува студеното време, особено во северна Европа

Fatih Erel  | 10.12.2018 - Обновена : 11.12.2018
Турска Анталија оваа година домаќин на 120.000 меѓународни голф-играчи Mustafa Çiftçi/AA

Antalya

АНТАЛИЈА (АА) - Турското медитеранско туристичко место Анталија оваа година е домаќин на околу 120.000 голф-играчи од 30 земји во светот, јавува Anadolu Agency (AA).

Меѓународната асоцијација на оператори за голф-туризам на Турција и претседателот на Клубот за голф во Анталија, Џахит Шахин, за АА соопштија дека во моментов има 16 терени за голф во градот Белек, Анталија.

Шахин истакна дека голф-туризмот е пазар во развој за Турција.

„Овој вид туризам создаде дополнителна вредност од 125 милиони евра за Турција“, додаде тој, нагласувајќи дека секој играч на голф потрошил околу 1.000 евра во Турција.

Сезоната на голф-туризмот во Турција започнува во септември и трае сè до крајот на мај.

Споменувајќи ги и околу 60-те милиони аматерски играчи на голф во светот, Шахин истакна дека Турција како дестинација ги привлекува меѓународните играчи на голф со своите турнири кога студеното време преовладува во Европа, особено во северна Европа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.