Gözde Bayar
08 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
СИРТ
Терорист на ЈПГ/ПКК им се предаде на безбедносните сили во југоисточна Турција, вели безбедносен извор денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Терористот кој ги напуштил засолништата на ПКК во Сирија, се предаде во турската област Сирт“, изјави изворот, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
„Напорите на турските жандармериски сили да го убедат терористот да се предаде вродија со плод“, се додава.
ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на списокот терористички организации на Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.