Nazlı Yüzbaşıoğlu
08 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, утре ќе допатува во Ирак во рамки на иницијативите за намалување на тензиите меѓу САД и Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа преку писмено соопштение го потврди Министерството за надворешни работи на Турција.
„Во рамки на нашите интензивни дипломатски иницијативи за намалување на тензиите, кои се зголемени како резултат на настаните што се случија во последниот период во нашиот регион, нашиот почитуван министер на 9 јануари 2020 година е предвидено да реализира еднодневна посета на Ирак“, се наведува во ова соопштение.
Според соопштението на турското Министерство за надворешни работи, во рамки на оваа посета се планира да се разговара за настаните во регионот, како и за билатералните прашања.