Kaan Bozdoğan
08 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ
Започна тет-а-тет средбата меѓу претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на Русија, Владимир Путин, пред отворањето на гасоводот „Турски тек“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган во Истанбул го пречека Путин, кој се наоѓа во овој град со цел да учествува на отворањето на гасоводот „Турски тек“, преку кој рускиот природен гас ќе биде пренесен во Турција, и преку Турција во Европа.
По дочекот, двајцата лидери преминаа на тет-а-тет средба.