Orhan Onur Gemici
09 Февруари 2021•Ажурирај: 09 Февруари 2021
АНКАРА
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека уште еден терорист на ПКК/КЏК, со методот на убедување се предаде на турските безбедносни сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според изјавата на министерството, како резултат на напорите за убедување од страна на Генералниот директорат за безбедност и Генералната команда на жандармеријата, еден припадник на терористичката организација ПКК/КЏК им се предаде на турските безбедносни сили.
Терористот во организацијата се приклучил во 2017 година, и водел активности во Ирак и Сирија.
Со тоа, во 2021 година бројот на терористи кои се предадоа со методот на убедување достигна вкупно 22.