Anıl Bağrık
21 Февруари 2019•Ажурирај: 21 Февруари 2019
МЕРСИН (АА) - Во јужниот дел на Турција се сруши зграда од која станарите беа евакуирани кратко пред нејзиното уривање, јавува Anadolu Agency (AA).
Петкатната зграда се сруши во населбата Торослар, во медитеранската турска област Мерсин.
Станарите синоќа пријавиле чкрипење и пукање на местата на носечките и потпорните ѕидови и го напуштиле објектот кој утринава се урна целосно.
Според досегашните информации, при уривањето на зградата нема настрадани, а надлежните служби и понатаму вршат увид и ги пребаруваат урнатините.