Турција

Воениот комитет на НАТО одржа разговори во Турција

„Ова е историска посета на Воениот комитет, бидејќи за првпат ни се придружи воен претставник од Северна Македонија. Сакам да оддадам почит за тековната и трајната заложба на турските вооружени сили во мисиите и операциите на НАТО во светот...“

Ali Murat Alhas  | 21.02.2019 - Обновена : 21.02.2019
Воениот комитет на НАТО одржа разговори во Турција

ИЗМИР (АА) - Воениот комитет на НАТО ја посети својата база во турската западна област Измир, јавува Anadolu Agency (AA).

Членовите на Комитетот беа поздравени од страна на командантот на Армијата на Егејското турско подрачје, Абдула Реџеп, од командантот на сојузничките сили на НАТО, Џон К. Томсон и од други воени офицери.

Тие пристигнаа на покана на турскиот началник на Генералштабот, Јашар Ѓулер.

Реџеп истакна дека процесот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО е завршен и дека ова ќе испрати регионална порака за безбедност и стабилност.

Говорејќи за регионалната политика, Реџеп изјави: „Неодамнешните случувања во нашето соседство и нестабилноста и превирањата во нашиот јужен регион јасно докажуваат дека нашата стратешка предвидливост во врска со зајакнувањето на копнената команда на НАТО беше конзистентна.“

„Во согласност со новата командна структура и долгорочниот план за ротација, Командата на НАТО за висока подготвеност - Турција, ќе биде во соработка со копнената команда на НАТО за прашањата на обуката и вежбите“, додаде тој.

Стјуарт Пич, шефот на Воениот комитет на НАТО, рече дека е задоволен од турското гостопримство и ѝ честиташе на Турција, по повод нејзината 67-годишнина од пристапувањето во воениот пакт.

„Ова е историска посета на Воениот комитет, бидејќи за првпат ни се придружи воен претставник од Северна Македонија. Сакам да оддадам почит за тековната и трајната заложба на турските вооружени сили во мисиите и операциите на НАТО во светот. И двете се долгорочни обврски, и особено впечатливи обврски“, рече тој.

Од своја страна, генерал-мајорот Мустафа Огуз, шеф на Директоратот за планови и принципи на турскиот Генералштаб, изврши презентација за придонесот на земјата во НАТО.

Огуз истакна дека Турција уште од првиот ден била вреден и значаен сојузник во НАТО, додавајќи дека соработката со НАТО против тероризмот е клучна.

Нагласувајќи дека терористичките организации ДЕАШ и ЈПГ-ПЈД/ПКК претставуваат отворена закана за НАТО и Турција, истакна дека безбедноста на Турција соодветствува со безбедноста на Европа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın