Турција

Редок феномен на небото над Фетије: По дождот се појавија облаци маматус

– Небото над Фетије во турската област Мугла беше украсено со редок природен феномен - облаците маматус, кои се појавија по краткиот дожд и засветеа на последните зраци од зајдисонцето

Aida Cako  | 29.10.2025 - Обновена : 29.10.2025
Редок феномен на небото над Фетије: По дождот се појавија облаци маматус

СКОПЈЕ (АА) – Небото над Фетије во турската област Мугла беше украсено со редок природен феномен - облаците маматус, кои се појавија по краткиот дожд и засветеа на последните зраци од зајдисонцето, јавува Анадолу.

Овие необични облаци во форма на „џебови“​​​​​​​ се формираат под основата на поголем слој облаци, обично кумулонимбус, а резултат се на движењето на студениот воздух надолу во потоплите слоеви на атмосферата.

Според метеоролозите, облаците маматус се појавуваат ретко, најчесто по интензивни бури, а често се сметаат за најава на смирување на временските услови по нестабилен период.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.