Ahmet Furkan Mercan
15 Август 2021•Ажурирај: 16 Август 2021
ТОКИО
Околу 1,42 милиони семејства во Јапонија се повикани на евакуација по поројните врнежи од дожд што ги погодија западните и јужните региони на земјата, известуваат локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за метеорологија на Јапонија соопшти дека евакуациите се планираат во префектурите Фукуока, Сага, Хирошима и Нагасаки на островот Кјушу, објави јапонскиот јавен сервис НХК (NHK).
Многу подрачја во Јапонија продолжуваат да се под влијание на поројните врнежи од дожд по сезонските тајфуни, што предизвика прелевање на 14 реки.