Турција

Турција ја одбележува 102-годишнината од прогласувањето на Републиката

- Националниот празник, Ден на Републиката, се слави на 29 октомври во чест на прогласувањето на Република Турција во 1923 година

Oktaj Omeragikj  | 29.10.2025 - Обновена : 29.10.2025
Турција ја одбележува 102-годишнината од прогласувањето на Републиката

СКОПЈЕ (АА) - Со голем број настани во Турција се одбележува 102-годишнината од прогласувањето на Републиката, известува Анадолу.

По повод 102-годишнината претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, објави порака. Во текот на денот турскиот претседател ќе ја предводи делегацијата што ќе го посети Аниткабир, мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерна Република Турција.

„Во согласност со нашите цели на 'Столетието на Турција', правиме важни чекори на секое поле“, наведе претседателот Ердоган во својата порака.

Тој ги потврди напорите кон „Турција без терор во која во мир ќе живеат нејзините 86 милиони граѓани.“

Националниот празник, Ден на Републиката, се слави на 29 октомври во знак на одбележување на прогласувањето на Република Турција во 1923 година.

Во текот на денот турските знамиња се веат од домовите, работните места и јавните простори - белег на прославите на Ден на Републиката.

Во текот на денот низ цела Турција се реализираат свечени церемонии, се организираат концерти. Во поголемите градови прославите ќе продолжат со паради и огномети во вечерните часови.

Републиката ја прогласи Мустафа Кемал Ататурк, кој подоцна од Големото национално собрание беше избран за прв претседател на модерна Турција.

Овој ден, како еден од најголемите национални празници на Турција, се одбележува со низа активности низ целата земја, а активности спроведуваат и турските амбасади низ целиот свет.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.