Havva Kara Aydın
09 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
МУГЛА (АА) - Повеќе од 16.000 мигранти кои нелегално се обидуваат да стигнат во Европа од западна Турција беа задржани во Турција во 2019 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
За време на операциите во турската западна област Мугла, задржани се вкупно 16.218 мигранти.
Безбедносните сили спроведоа успешни операции за да ги задржат мигрантите кои нелегално се обидуваат да го преминат Егејското Море за да стигнат до Грција.
Мигрантите главно се соочуваат со ризикот да бидат фатени со чамците со кои се обидуваат да стигнат до грчките острови Кос и Сими.
Некои мигранти паднаа во рацете на криумчарите или ги загубија своите животи во сообраќајни инциденти, измрзнаа до смрт или се удавија во морето.
Најмалку 25 мигранти ги загубија своите животи на брегот на Мугла.
За време на операциите, 447 криумчари се приведени и над 50 бродови и стотици чамци кои ги користеле криумчарите за нелегален премин се конфискувани.
Турција е главна рута за мигрантите, кои нелегално се обидуваат да преминат во Европа, особено од 2011 година наваму, кога започна граѓанската војна во Сирија.
Мигрантите биле државјани на Сирија, Мјанмар, Сомалија, Бангладеш, Авганистан, Пакистан, Иран, Палестина и Ирак.
Сите од мигрантите се однесени на лекување во болници или се испратени во миграциските директорати во областа.