Betül Yürük
09 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
ЊУЈОРК (АА) - Последното истражување на јавното мислење во САД покажа дека речиси три четвртини од испитаниците ја сметаат веројатна можноста за избивање на американско-иранска војна во наредните неколку години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Анкетата ја спроведоа Ројтерс/Ипсос (Reuters/Ipsos) по минатонеделниот воздушен напад во кој американските сили кај аеродромот во Багдад убија десет лица, меѓу кои и иранскиот генерал Касим Сулејмани, командантот на единицата „Кудс“, која се смета за елитен одред на Револуционерната гарда на Иран.
Во објавените резултати на анкетата се наведува дека 71 отсто од испитаниците сметаат дека американско-иранските тензии веројатно ќе прераснат во војна во наредните неколку години. Така мислат седум од испитаниците меѓу популацијата што ја поддржува Републиканската партија, додека соодносот на оние што размислуваат така кај демократите е речиси десет отсто и поголем.
Во можноста за скоро избивање војна меѓу САД и Иран не веруваат 17 отсто од испитаниците, додека само пет отсто од нив категорички одговориле дека нема да дојде до војна.
Политиката што кон Иран ја води американскиот претседател, Доналд Трамп, не ја одобруваат 53 отсто од испитаниците.
Дека Иран претставува вистинска закана за САД сметаат четири од десет испитаници, а четири отсто од испитаните сметаат дека Иран не е закана.