свет

Папата Лав XIV ги повикa Израел и Иран да дејствуваат со „одговорност и разум“

„Никој не треба да го загрозува постоењето на друг. Должност на сите земји е да ја поддржат каузата за мир, да иницираат патишта за помирување и да промовираат решенија што гарантираат безбедност и достоинство за сите“, рече папата Лав XIV

Barış Seçkin  | 14.06.2025 - Обновена : 14.06.2025
Папата Лав XIV ги повикa Израел и Иран да дејствуваат со „одговорност и разум“

ВАТИКАН (АА) - Папата Лав XIV, духовниот водач на католиците и поглавар на Ватикан, изјави дека со голема загриженост ја следи кризата на Блискиот Исток и ги повика Израел и Иран да дејствуваат со одговорност и разум, известува Анадолу.

Зборувајќи за време на настанот во базиликата „Свети Петар“, Папата зборуваше за кризата на Блискиот Исток.

Папата Лав XIV посочи на најновите случувања на Блискиот Исток и рече:

„Многу загрижувачки вести дојдоа последните денови. Ситуацијата во Иран и Израел сериозно се влоши. Во вака чувствителен момент, сакам да го обновам повикот за одговорност и разум. Посветеноста кон градење побезбеден свет, ослободен од нуклеарната закана, мора да биде проследена со почитувана дискусија и искрен дијалог со цел да се изгради траен мир заснован на правда, братство и општото добро“.

Нагласувајќи ја важноста од продолжување на дијалогот, папата Лав XIV рече:

„Никој не треба да го загрозува постоењето на друг. Должност на сите земји е да ја поддржат каузата за мир, да иницираат патишта за помирување и да промовираат решенија што гарантираат безбедност и достоинство за сите.“


​​​​​​- ⁠⁠Конфликт започна со насилните напади на Израел врз Иран

На 13 јуни, Израел започна интензивни напади со 200 авиони врз Иран, фокусирајќи се врз високата команда на војската и нуклеарните постројки во различни градови на Иран.

Во досегашните израелски напади врз Иран животот го загубија Началникот на иранскиот Генералштаб, генералниот командант на Револуционерната гарда и некои високи команданти, како и 9 нуклеарни научници. Иранските медиуми објавија дека во израелските напади бројот на цивилни жртви надмина 150 само во Техеран.

Покрај тоа, најмалку 18 цивили ги загубиле животите во нападите на Израел врз градот Тебриз.

Најмалку 9 згради биле уништени во Тел Авив во возвратниот напад на иранската армија со балистички ракети врз Израел. Најмалку 3 лица загинаа, а 172 лица се повредени во нападите.

Голем број земји, првенствено Турција, го осудија Израел поради нападите врз Иран.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.