Zein Khalil
21 Март 2023•Ажурирај: 23 Март 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Израел најави разни ограничувања за Палестинците при влез во џамијата Ал Акса во текот на светиот месец Рамазан, известува Анадолу.
„На жените од која било возраст, машки деца до 12 години и на мажите постари од 55 години ќе им биде дозволен влез во џамијата Ал Акса во текот на Рамазан без дозвола“, соопшти генерал-мајор Гасан Алјан (Ghassan Alyan).
Генерал-мајор Алјан додаде дека Израел ќе воведе дозволи за мажите на возраст од 45 до 55 години.
Тој рече дека е потребно и „безбедносно одобрување“ за Палестинците на Западниот Брег да ги посетат своите роднини на 48 територии или странци да ги посетат своите роднини на Западниот Брег.
Алјан нагласи дека работното време ќе биде зголемено на разни премини на Западниот Брег во текот на месецот Рамазан.
Во соопштението се наведува дека во однос на појасот Газа, Израел од недела до четврток вовел „ограничена квота“ за жени постари од 50 години и мажи од 55 и повеќе години за влез во џамијата Ал Акса.
Во окупираниот Западен Брег последниве месеци ескалираат тензиите поради честите израелски рации во палестинските градови.
Според палестинските податоци, околу 90 Палестинци се убиени од израелски истрели од почетокот на годината. Во текот на овој период животот го загубија и 15 Израелци.