Amir Latif Arain
21 Март 2023•Ажурирај: 22 Март 2023
КАРАЧИ (АА) - Најмалку десет лица, вклучително и локалниот лидер на клучната опозициска партија на поранешниот премиер Имран Кан, беа убиени вчера од заседа во северозападен Пакистан, соопшти полицијата, јавува Анадолу.
Атиф Мунсиф Кан, лидер на пакистанската партија Техрик-е-Инсаф (ПТИ) на поранешниот премиер Имран Кан, и уште деветмина беа убиени кога нивното возило беше нападнато од соперничка група во градот Хавелијан во северозападната покраина Хајбер Пахтунхва.
Умар Туфаил, началник на окружната полиција, за новинарите изјави дека возилото во кое патувале Кан и неговите колеги и обезбедувачи се запалило откако било нападнато и целосно изгорело.
Се верува дека нападот е резултат на старо соперништво помеѓу две локални политички групи.
Полицијата извршила претреси со цел да ги приведе осомничените.
Убиениот Кан беше син на поранешниот покраински министер Мунсиф Кан Џадун и активен член на ПТИ.