свет

Уште 3 нуклеарни научници убиени во нападите на Израел врз Иран

- Бројот на научници убиени во израелските напади се зголеми на 9

Ahmet Dursun  | 14.06.2025 - Обновена : 14.06.2025
Уште 3 нуклеарни научници убиени во нападите на Израел врз Иран

ТЕХЕРАН (АА) - Уште тројца нуклеарни научници ги загубија животите во нападите на Израел врз Иран, известува Анадолу.

Според веста што ја објави иранската државна телевизија, уште тројца научници, Али Бакаеи Карими, Мансур Асгари и Саид Боржи, ги загубија животите во нападите на Израел врз Иран.

Во нападите што ги изврши Израел вчера врз различни градови во Иран, загинаа нуклеарните научници Абдулхамид Менушер, Ахмед Риза Зулфикари, Емир Хусеин Фики, Мотлабизаде, Мохамед Мехди Техранчи и Феридун Абаси.

Бројот на научници убиени во нападите на Израел се зголеми на 9.


​​​​​​- ⁠⁠Конфликт започна со насилните напади на Израел врз Иран

На 13 јуни, Израел започна интензивни напади со 200 авиони врз Иран, фокусирајќи се врз високата команда на војската и нуклеарните постројки во различни градови на Иран.

Во досегашните израелски напади врз Иран животот го загубија Началникот на иранскиот Генералштаб, генералниот командант на Револуционерната гарда и некои високи команданти, како и 9 нуклеарни научници. Иранските медиуми објавија дека во израелските напади бројот на цивилни жртви надмина 150 само во Техеран.

Покрај тоа, најмалку 18 цивили ги загубиле животите во нападите на Израел врз градот Тебриз.

Најмалку 9 згради биле уништени во Тел Авив во возвратниот напад на иранската армија со балистички ракети врз Израел. Најмалку 3 лица загинаа, а 172 лица се повредени во нападите.

Голем број земји, прве нствено Турција, го осудија Израел поради нападите врз Иран.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın