Израел ги повика САД да се приклучат во воената кампања против Иран, објави американски информативен портал
- Администрацијата на Трамп во моментов не размислува за приклучување кон воена операција, изјави американски функционер за Axios

ИСТАНБУЛ (АА) - Израел ги повика САД да се приклучат во нивната новозапочната воена кампања против Иран, објави денес американската интернет-страница „Axios“, пренесува Анадолу.
Повикувајќи се на американски и израелски извори, американската интернет-страницат објави дека Израел нема капацитет да го уништи иранскиот погон за збогатување ураниум Фордоу, кој е закопан длабоко во планина, и дека му е потребна помош од САД за ефикасно да го таргетира.
Американски функционер, како што објави „Axios“, потврдил дека Израел го повикал Вашингтон да се приклучи во воената операција, но рекол дека во моментов администрацијата на САД не го разгледува тоа.
Повикувајќи се на израелски извор, „Axios“ претходно објави дека американскиот претседател Доналд Трамп предложил можно учество на САД доколку е потребно за време на неодамнешните разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Сепак, функционер на Белата куќа во петокот го негираше ова тврдење.
Вашингтон постојано повторува дека Израел дејствувал сам во воените акции врз Иран.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.