Vakkas Doğantekin
09 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
АНКАРА
Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека Иран им наредил на неговите прокси-групи да избегнуваат напаѓање на американските членови на служба и цивили по повод убиството на иранскиот генерал со американско беспилотно летало на 3 јануари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пенс синоќа зборуваше во телевизиско интервју за „Си-би-ес Њуз“ (CBS News) во врска со неодамнешните тензии со Иран.
На прашањето дали тој е убеден дека иранските прокси-групи нема да ги нападнат Американците, Пенс изјави дека Касим Сулејмани всушност бил примарен лидер на тие прокси-групи, но додаде: „Добиваме охрабрувачки разузнавачки информации дека Иран им испраќа пораки на истите тие милиции да не се движат против американски позиции или цивили.“
Тој исто така рече: „Американците можат да се одморат вечерва, благодарение на раководството на претседателот Доналд Трамп што го обезбеди и извонредниот храбар професионализам што нашата војска го демонстрираше во последните неколку недели.“
„Благодарние на професионализмот и подготвеноста на американскиот персонал, нема американски ниту ирански жртви по нападите на Иран“, додаде тој.
Пенс додаде дека Соединетите Американски Држави „не бараат промена на режимот, но сакаат да видат промена на режимот во неговото однесување“.
Одговарајќи на прашањето дали Иран намерно ги промашил целите или тие едноставно имале среќа, тој рече дека добиле разузнавачки информации за ракетните напади „неколку дена“ однапред и ги преместиле американските сили да не се здобијат со штета.
Тој рече дека Американците се сега побезбедни отколку пред смртта на Сулејмани и вети дека ќе продолжат да се спротивставуваат на иранскиот „тероризам поткрепен од државата“.
Сулејмани, кој беше шеф на елитната единица „Кудс“ на Револуционерната гарда на Ирак, е убиен во нападот што американските сили со дрон го извршија во близина на аеродромот во Багдад. Со него исто така се убиени и Ебу Мехди ал Мухандис, постар командант на ирачките Народни единици за мобилизација, и осум други лица.