Sercan Küçükşahin
17 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
КАЈСЕРИ
Во Националниот парк „Султан Сазлиги“ во централниот дел на Турција, кој претставува важно живеалиште за птиците преселници, се појави црно фламинго, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Регионалната дирекција за заштита на животната средина и националните паркови во турската област Кајсери, овој настан е резултат на работите на Министерството за земјоделство и шумарство на оваа земја за овој национален парк да се врати во неговите славни денови, откако поради различни причини беше претворен во степа.
Црното фламинго последен пат во Турција е забележано во Зоната за развој на светот на дивите животни „Акјата-Тузла“ во Адана.
Фламингото го привлече вниманието на посетителите.