Ömer Yıldız
04 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
АДАНА (АА) - Во рамките на истрагата за терористичкиот напад извршен минатиот месец во Кајсери, Турција, во кој загинаа 14 војници, во Адана се приведени четири лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу приведените е и една жена.
Екипите на Одделот за борба против тероризам на полициската управа во Адана утврдија дека бомбата со која е извршен нападот на автобусот во кој се превезуваа војниците била натоварена во местото Имамоглу.
Акцијата е спроведена во населбата Ѓулбахчеси, а идентитетот на приведените не е откриен.
Возилото во кое се наоѓала експлозивната направа осомничените му ја предале на терористот во местото Имамоглу, а се тврди дека тие работеле на откривање и скицирање на патот по кој се движи автобусот над кој е извршен нападот.
Новинар на АА дознава дека терористот што го извршил нападот дошол од местото Лиџе, област Дијабакир, во југоисточниот дел на Турција.
Во терористичкиот напад на 17 декември минатата година, во Кајсери, во централна Турција загинаа 14 турски војници, а 47 се ранети.