Didar Yüsra Dilruba Öz
04 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
ШИРНАК (АА) - Според судски извори, денес е ослободена пратеничката на турската Народна демократска партија (ХДП), која претходно беше притворена во југоисточната област Ширнак, јавува Anadolu Agency (AA).
Пратеничката на ХДП во Ширнак, Лејла Бирлик, обвинета за членство во терористичка група и за ширење терористичка пропаганда, денес е ослободена по сведочењето во Јавното обвинителство во Ширнак, велат анонимни судски извори.
Бирлик на 4 ноември беше приведена и задржана во притвор.
Турските пратеници долго време уживаа правен имунитет, но тоа беше преиспитано откако петмина пратеници на ХДП наводно прогласиле автономија за време на состанок на терористичка група поврзана со партијата во југоисточна Турција.
Откако Парламентот го укина правниот имунитет на пратениците на ХДП во март минатата година, Јавното обвинителство во Дијабакир отвори истрага за нив.
Минатиот ноември беа приведени 13 пратеници на ХДП, а 10 од нив, вклучувајќи ги и ко-лидерите на ХДП Селахатин Демирташ и Фиген Jуксекдаг, беа задржани во притвор.
Пратениците се соочија со обвинение во рамките на Законот за антитероризам, откако им беше укинат пратеничкиот имунитет.
Владата ја обвини ХДП дека е поврзана со терористичката организација ПКК.