Aziz Aslan,Hasan Namlı,Sertaç Bulur
04 Ноември 2016•Ажурирај: 04 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - По налог од Јавните обвинителства на Дијарбакир, Ван, Ширнак, Хакќари и Бинѓол, приведени се некои пратеници од Народната демократска партија (ХДП) кои по налог на Конгрес на демократското општество и КЏК (СКЗ) не се одзвале на поканата за давање изјава во врска со настаните од 6-8 октомври, јавува Anadolu Agency (AA).
По објавувањето на уставните измени за укинување на пратеничкиот имунитет во Службен весник и неговото правно влегување во функција, започна гонењето на пратениците.
Башчели, Бајкал и Унвар дадоа изјави
Претседателот на МХП, Девлет Бахчели даде изјава на 13 јули, во тие рамки на истрагата која ја води Јавното обвинителство во Бурса под обвиниение за „јавно поттикнување на луѓе“ по налот на јавното обвинителство од Анкаrа. Бахчели одвојувајќи се од судот во Анкара, на новинарите им изјави: „Секој треба да одговори на повиците на обвинителите“.
Пратеникот на ЏХП од Анталија Дениз Бајкал на 3. август поради една скратена постапка, даде изјава во судот во Анталија. Пратеникот на АК партијата од Адана Неџати Унувар даде изјава кај јавниот обвинител на Врховниот суд. Унувар, кој еден период ја извршуваше функцијата подсекретар на Mинистерството за здравство на Турција, изјави дека бил повикан да даде изјава во врска собарање кое го дал за едно лице.
Демиртраш: „Самите нема да одиме“
Во рамките на процесот пртениците на ХДП не прифатија да дадат изјави. Ко-претседателот на ХДП Селахатин Демирташ, по направената уставна измена, на новинарите им изјави: „Ниту еден наш пријател самоволно нема да оди да даде изјава во суд на покана на обвинителството.
Доколку ги сакаат нашите изјави, ќе мора да не однесат на сила. Од сега им кажувам на судиите и обвинителите да бидат подготвени. Ние сме подготвени. Ова е веќе политичка криза. Чекор по чекор нема самите да одиме. Ќе биде потребно да не фатат, притворат или насила да не однесат“.
Ко-претседатели на ХДП Јуксекдаг и Демирташ
Во рамките на истрагата која ја спроведуваат Јавните обвинителства на Дијарбакир, Хакќари, Ван, Ширнак и Бинѓол, приведенисе одредени пратениците на ХДП.
Меѓу нив се наоѓа и ко-претседателите на ХДП, Фиген Јуксекдаг, против која истрага за тероризам води Јавното обвинителство на Дијарбакир, бидејќи не се одзвала на претходните покани да даде изјава. Меѓу другото, 5. Судот за тешки кривични дела на Шанлиурфа, под обвиниение „пропаганда на терористичка организација и член на терористичка организација“, донело одлука за приведување на Јуксекдаг.
Демирташ беше приведен од својот дом во Дијарбакир
Ко-претседателот на ХДП Селахатин Демирташ, во рамките на истрагата за настаните од 6-8 октомври, приведен е од неговиот дом во Дијарбакир. Од друга страна Канцеларијата на Бирото за инструкции на јавното обвинителство во Анкара, испрати ебарање за приведување на Демирташ за земање на изјава по налог на јавните обвинители на Мерсин и Мидјат, во рамките на истрагата, поради „клевета“ и „пропоганда на терористичка организација“ Јавното обвинителство на Кајсери, поради „клевета на државен службеник“, поведе постапка против ко-претседателката на ХДП Фиген Јуксекдаг, која е приведена по налог на Јавното обвинителство на Анкара за земање на изјава. Канцеларијата на Бирото за инструкции на јавното обвинитело во Анкара информираше дека за земање изјавава, до Демирташ и Јуксекдаг испратиле покана по пошта, за која ко-претседатлот потврди дека бил известен, но поради донесената одлука, рекол дека нама да оди да даде изјава.
Приведени и Ајдоган и Пир
Во рамки на истрагата приведени се и пратениците на ХДП од Дијарбакир, Нурсел Ајдоган и Зија Пир. Приведените Ајдоган и Пир оведени се до обласна полициска станица во одделот за борба против тероризам. Од друга страна, пратениците на ХДП, се повикани да дадат изјава за истрагата поведена против нив поради криминалните дела „вршење пропаганда на терористичката организација ПКК“, „фалење на криминал и криминалци“, „поттикнување на омраза и непријателство“, „член на терористичка организација“, „обид за нарушување на единството и интегритетот на државата“.
Што се случи на 6-8 октомври?
По повикот „излегувајте на улица” на Централниот извршен комитет на Народната демократска партија (ХДП) и копретседателот на партијата Селахатин Демирташ, во насилствата извршени во 35 обалсти со изговорот Ајн ел Арап (Кобани) на поддржувачите на терористичката организација ПКК/ПЈД загинаа двајца полицајци, 31 лица меѓу кои се и Јасин Бору кој доделуваше месо на курбан на сиромашните во Дијарбакир и тројца негови другари, и беа повредени 221 граѓани и 139 полицајци.
Како резултат на нападите на поддржувачите на терористичката организација голем број на куќи, работни места, училишта, културни центри, музеи и згради на интернати настанала штета, како и за трговците кои беа оштетени на настанот од страна на државата беше даден надоместок од 50 милиони турски лири, а и беше изјавено дека овие дејствија на државата ја чинеа повеќе од 300 милиони турски лири.