Ekipa
14 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили утринава спроведоа антитерористичка операција во Анкара и приведоа најмалку 11 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Државното обвинителство во Анкара нареди спојување на две истраги насочени против младинските ограноци на ПКК и издаде налог за приведување на 15 осомничени лица.
Полицијата рано утрово изврши претреси на неколку локации во Анкара и уапси 11 лица, меѓу кои и локалните челници на опозициската Народна демократска партија во подрачјата Мамак и Етимесгут.
Уапсените се предадени на надлежните органи на понатамошно процесуирање, а операцијата со цел приведување на преостанатите четири лица е во тек.