İsmail Şen
28 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
ЕЛАЗИГ (АА) - Пожарникарот од противпожарната екипа во Општина Елазиг го претворил противпожарното возило во лимузина за свадби, но откако невестата не можела да влезе во возилото било подготвено уште едно невестинско возило, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарникарот Серкан Ирхан, сакајќи да ја изненади својата животна сопатничка Фатма Акѓундуз, зел дозвола од надлежните во службата и противпожарното возило го украсил како невестинско возило.
Ирхан во населбата во која живеела неговата идна сопруга влегол со звукот на противпожарната сирена, на што жителите помислиле дека некаде настанал пожар.

Жителите на улицата во која живее избраничката на Ирхан биле изненадени кога го забележале украсеното противпожарно возило. Меѓу изненадените биле и невестата и нејзиното семејство.
Невестата Акѓундуз имала потешкотии да се качи во противпожарното возило, по што било подготвено второ невестинско возило.
Ирхан и неговата избраничка Акѓундуз, со колоната во која се наоѓаше и противпожарното возило, заминаа кон свадбениот салон.
Изненадување за младоженците беше присуството на градоначалникот на Елазиг, кој на свадбата на младите им посака среќа.
Младоженецот Ирхан рече дека противпожарното возило го украсил како невестинско возило со цел на својата избраничка Акѓундуз, да ѝ подари незаборавни моменти. „Во противпожарната екипа на Елазиг работам 10 години. Заљубен сум во својата професија. Својата должност ја извршувам со љубов. Со нашиот директор ја споделив желбата противпожарното возило да го украсам како лимузина за свадби, и му се заблагодарувам што ми го овозможи тоа. Невестата беше пријатно изненадена“, изјави Ирхан.
По свадбата невестата и младоженецот со колоната во која се наоѓаше и противпожарното возило направија прошетка низ градот и се упатија кон Единицата на противпожарната служба на Општина Елазиг. Таму кусо време младоженецот во придружба на музика играше со неговите колеги.