Adsız Günebakan
21 Август 2016•Ажурирај: 21 Август 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Бројот на загинати во терористичкиот напад кој беше извршен доцна синоќа за време на една свадба во југоисточната покраина Газиантеп, се зголеми на 50, соопштено е од канцеларијата а гувернерот на Газиантеп, јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на гувернерот на Газиантеп е соопштено дека станува збор за терористички напад, кој синоќа се случи во квартот Бејбахче во областа Шахинбеј.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, најостро го осуди синоќешниот терористички напад во Газиантеп и порача дека непријателите кои не успеале да ја преземат власта во Турција, нема да успеат ни во своите наканувања да создадат конфликти помеѓу народот со провокации и злоупотреба на етнички и секташки групи.
„Нема разлика помеѓу терористичката организација ПКК, која само изминатиот месец уби 70 припадници на турските безбедносни сили, терористичката организација ФЕТО која стои зад неуспешниот обид за државен удар во кој беа убиени најмалку 240 лица, како ни терориристичката организација ДАЕШ која е можен извршител на овој напад во Газиантеп” , порача Ердоган.
Силната експлозија одекна синоќа во центарот на Газиантеп на улица на која се одржувала свадба, што веќе претставува вообичаена практика за време на летните месеци во тој дел на Турција.
До сега никој не презеде одговорност за нападот.