Satuk Buğra Kutlugün
28 Јули 2018•Ажурирај: 29 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Гласноговорникот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, изјави дека турско-американските односи можат да се сочуваат и да се подобрат доколку американската администрација ги сфати сериозно безбедносните грижи на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во колумната за дневниот весник „Дејли Сабах“ под наслов „Основно правило на турско-американските односи: Заемно почитување и заеднички интерес“, Калин вели дека САД во текот на последните години презеле низа чекори за да го поткопаат стратешкото партнерство со Турција и да ја ослабнат врската која била силна и заемно продуктивна.
„Фаустовскиот договор на Вашингтон со таа терористичка група, за кој администрацијата на Обама вети дека ќе биде „привремен, трансакциски и тактички“ во тоа време, беше усвоен од администрацијата на Трамп минатата година. Иако е вистина дека моменталната администрација постепено се дистанцираше од Стратегијата на американската централна команда (CENTCOM), и како дел од овој напор се согласи на мапа за долгоочекуваното повлекување на ЈПГ од Мунбич, недостатокот на конкретна промена на политиката продолжува да ги прогонува односите“, напиша Калин.
„Турција оправдано очекува САД да се ослободат од милитантите на ЈПГ, кои во моментот се во преговори со режимот на Асад, без одложување“, додаде тој.
Калин изјави дека „неподготвеноста“ на администрацијата на Трамп да преземе конкретни чекори за истрага и гонење на злосторствата извршени од страна на терористичката организација ФЕТО на територијата на САД е „разочарувачка, барем за Турција“.
Портпаролот на турското Претседателство напиша дека Турција не може да биде слепа на активностите на сојузникот на НАТО, кога тие ја загрозуваат нејзината национална безбедност внатре и во странство.
„Претседателот Трамп можеби има добри намери во односите со претседателот Ердоган и Турција“, напиша тој, додавајќи дека тоа сигурно ќе се одрази со заемна почит и заеднички интерес.
Тензијата меѓу двата сојузници на НАТО се зголеми уште еднаш кога американскиот претседател Доналд Трамп преку социјалната мрежа Твитер се закани дека ќе воведе санкции за Турција, доколку американскиот свештеник Ендру Крејг Брансон, кој се соочува со обвиненија поврзани со тероризам, не биде ослободен.