Betül Yürük
25 Јуни 2020•Ажурирај: 26 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Според анкета спроведена во САД, претседателот Доналд Трамп заостанува 14% зад својот противник Џо Бајден, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според резултатите на анкетата спроведена од страна на Колеџот „Сиена“ (Siena College) и весникот „Њујорк тајмс“ (New York Times), поранешниот американски заменик-претседател Бајден води во предизборната трка.
Бајден кој е единствен кандидат на Демократите, во анкетата добил поддршка од 50% од анкетираните, додека за Трамп се изјасниле 36%, заостанувајќи со тоа 14% зад Бајден.
Поддршка на Бајден главно му дале жените, Афроамериканците и Хиспаноамериканците, додека Трамп, поради неговиот став за коронавирусот и расистичките протести, ја загуби поддршката на гласачите.
Според анкетата 52% од белците до 45 години поддршка му даваат на Бајден, додека 30% се за Трамп.
Во исто време 40% на белците на возраст над 65 години не го поддржуваат ставот на Доналд Трамп за пандемијата на коронавирусот и антирасистичките протести.