Zafer Fatih Beyaz
25 Јуни 2020•Ажурирај: 26 Јуни 2020
АНКАРА
Министерството за одбрана на Турција објави дека во рамките на операцијата „Канџа-тигар“ во воздушен напад на подрачјето на Хафтанин неутрализирани се пет припадници на терористичката организација ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство за одбрана преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека успешно продолжува операцијата „Канџа-тигар“.
Во објавата се наведува „Во подрачјето на Хафтанин откриени се пет терористи на ПКК кои потоа се неутрализирани во воздушна операција.“