Merve Yıldızalp Özmen
24 Јуни 2020•Ажурирај: 25 Јуни 2020
АНКАРА - Последните 24 часа во Турција детектирани се 1.494 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број дијагностицирани случаи со коронавирусот се искачи на 191.657, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците кои ги изнесе турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, кои се достапни и на интернет страницата на турското Министерство за здравство, покажуваат дека во последните 24 часа извршени се 53.486 тестирања на Ковид-19, и дека се детектирани 1.492 лица позитивни на вирусот.
Последното деноноќие починаа 24 лица заразени со Ковид-19, а оздравеа 1.386 заразени.
Досега во Турција направени се 3.083.121 тестирања, детектирани се 191.657 лица позитивни на коронавирусот и регистрирани се 5.025 смртни случаи.
На одделенијата за интензивна нега се наоѓаат 914 лица, 356 се ставени на респираторни уреди, а досега оздравеле 164.234 заразени.
Mинистерот за здравство истакна дека има флуктуации во бројот на случаи.
„И покрај тоа што во однос на претходните денови направивме 10.000 тестирања, резултатите нè предупредија дека ризикот од раст на случаите сè уште постои. Причина на зголемувањето на бројките е олабавувањето на мерките со доаѓањето на летото. Ова лето освен почитување на мерките, друг избор немаме.“