Турција

Претседателот на Управата за верски работи на Турција, Ербаш, се состана со претседателот на ИВЗ на РСМ, Фетаху

Ербаш на средбата со делегацијата, што се одржа во неговата канцеларија, му честитал на Фетаху за изборот за претседател на ИВЗ на Северна Македонија во ноември 2020 година.

İsa Toprak  | 23.02.2021 - Обновена : 24.02.2021
Претседателот на Управата за верски работи на Турција, Ербаш, се состана со претседателот на ИВЗ на РСМ, Фетаху ( Фото: Управа за верски прашања на Република Турција )

АНКАРА 

Претседателот на Управата за верски работи на Република Турција, Али Ербаш, се состана со Шаќир Фетаху, претседателот на Исламската верска заедница во Северна Македонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението што го објави Претседателството на Управата за верски работи на Турција, Ербаш на средбата со делегацијата, што се одржа во неговата канцеларија, му честитал на Фетаху за изборот за претседател на ИВЗ на Северна Македонија во ноември 2020 година.

Наведувајќи дека постојат силни врски со Северна Македонија, Ербаш истакна дека се спроведени голем број услуги и проекти во рамките на пријателските односи и соработка на Претседателството на исламската унија.

Заблагодарувајќи му се на Ербаш за топлото гостопримство, Фетаху рече дека тие се гледаат како браќа на Турција и за пример ја земаат работата на Управата за верски работи на Република Турција.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.