Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
23 Февруари 2021•Ажурирај: 23 Февруари 2021
АНКАРА
Турските безбедносни сили убедија уште еден терорист да го спушти своето оружје и да се предаде, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението издадено од Министерството, полицијата и жандармериските сили преку координирани напори убедиле уште еден терорист на ПКК да го спушти своето оружје и да се предаде.
„Терористот се придружил на терористичката организација во 2019 година и бил активен во Сирија“, се нагласува во соопштението.
„Бројот на терористите на ПКК, кои им се предале на безбедносните сили преку напорите за убедување, оваа година достигна 29“, се додава во соопштението.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.