свет

Министерство за правда на САД: ЈПГ е огранок на терористичката организација ПКК

„ЈПГ е огранок на ПКК, која американската Влада ја призна како странска терористичка организација“

Dildar Baykan  | 16.01.2021 - Обновена : 17.01.2021
Министерство за правда на САД: ЈПГ е огранок на терористичката организација ПКК

ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за правда на Соединетите Американски Држави (САД) преку соопштение потврди дека ЈПГ е огранок на терористичката организација ПКК, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Во соопштението во врска со нападот врз зградата на Парламентот во сојузната држава Флорида, Министерството наведува дека Даниел Бејкер, лицето вмешано во нападот на 10 јануари, е поврзано со ЈПГ.

Се наведува дека Бејкер се приклучил на ЈПГ во 2017 година во Сирија, и дека јавно на социјалните мрежи признал дека бил обучуван како снајперист во редовите на ЈПГ, и дека е виден и во некои документарни филмови.

Она што е интересно е што Министерството во соопштението за ЈПГ го користи терминот „огранок на терористичката организација ПКК“.

Министерството на САД официјално ја потврди врската помеѓу двете организации и порача:

„ЈПГ е огранок на ПКК, која американската Влада ја призна како странска терористичка организација.“

ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на списокот терористички организации во Турција, Европската Унија и во САД. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın