Adem Demir
15 Мај 2018•Ажурирај: 16 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Управата за верски работи на Турција (Дијанет), Али Ербас, остро ја критикуваше меѓународната заедница поради немото набљудување на израелското убивање на Палестинците во Газа и ја запраша меѓународната јавност, лидерите и невладините организации, како е возможно да молчат за убивањето на невини луѓе, а целиот свет го дигаат на нозе за да спасат делфин насукан на брегот, јавува Anadolu Agency (AA).
По извршувањето на погребната молитва за Палестинците убиени за време на вчерашните протести на границата на Газа, тој изјави дека Палестина доживеала голема трагедија и болка. Потсетуваме дека свирепите израелски војници убиле недолжни луѓе.
Ербас изјави дека меѓу загинатите се наоѓаат и бебиња, мислејќи на осуммесечното бебе Лејла Енвар Гандур, кое почина синоќа од последиците на димните бомби и солзавците.
Тој укажа на потребата светот да им помогне на Палестинците и сите да бидат со невините лица. Ербас потсети и дека за време на вчерашните протеси загинале 60 Палестинци.
„Ранети се околу 2.700 наши браќа. Ја извршивме погребната молитва за загинатите Палестинци. На ранетите им посакуваме побрзо закрепнување“, изјави Ербас.
Досега израелските војници убија најмалку 60 Палестинци, меѓу кои и едно бебе за време на милионскиот Протестен марш организиран поради префрлувањето на Американската амбасада во Ерусалим (Кудс) и 70-годишнината од формирањето на израелската држава, датум кој Палестинците го одбележуваат како Накба (Голема катастрофа), по кој следува егзодусот на Палестинците спроведен од страна на Израел.