Merve Aydoğan
16 Мај 2018•Ажурирај: 16 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за надворешни работи денес го повика израелскиот генерален конзул во Истанбул Јозеф Леви Сфари, да ја напушти земјата на одредено време, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дипломатските извори кои зборуваа под услов на анонимност, од министерството го повикале Сфари да ја напушти земјата поради насилството и убивањето од страна на израелските војници на границата на Газа.
Турскиот генерален конзул во Ерусалим беше повикан од страна на израелското Министерство за надворешни работи вчера и исто така побарано е од него да ја напушти земјата на неодреден временски период.
Во соопштението издадено од страна на израелското Министерство за надворешни работи, Ѓурчан Туркоглу бил повикан да се врати во својата земја поради последниот развој на билатералите односи меѓу Ерусалим и Анкара.
Бројот на загинатите Палестинци за време на протестите на границата на Газа е зголемен на 62, вклучувајќи осум малолетни деца“, се потврдува од Министерството за здравство на Палестина. За време на протестите од вчера се ранети вкупно 3.188 лица, меѓу кои се наоѓаат и жени и деца.
Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот на границата на Газа за да протестираат поради израелската окупација и преместувањето на Американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).
Израелските безбедносни сили со употреба на сила и огнено оружје се обидоа да ги спречат протестите кои продолжија и вчера.
Во осудувањата што пристигаат од светот меѓу останатото е наведено дека прекумерната сила е недопустлива во случај на мирни протести какви што Палестинците организираа на 70-годишнината од Накба односно масовниот прогон на овој народ.