Mehmet Yavaş,Burak Akay
16 Мај 2018•Ажурирај: 17 Мај 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Припадниците на безбедносните сили на Турција во подрачјето Ајвачик фатија 74 мигранти кои по илегален пат сакале да го преминат грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на жандармеријата, по дојава, во местото Тузла запреле возило во кое се наоѓале 22 Сиријци. Во акција во близина на пристаништето Кумбаглар фатени се 52 мигранти од Сирија и Авганистан.
Странците се предадени на Центарот за враќање на странци во Ајвачик, а приведено е едно лице за кое постои сомневање дека ги организирало илегалните премини на границата.