Yıldız Aktaş
15 Мај 2018•Ажурирај: 16 Мај 2018
АНКАРА (АA) - Трите најголеми парламентарни турски партии во заедничко соопштение го осудија вчерашниот масакар на израелската војска врз палестинските демонстранти во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во име на целото човештво ја осудуваме и ја проколнуваме израелската управа. Наспроти американското и израелското занемарување на одлуките на ОН, непочитувањето на волјата на меѓународната заедница и спротистувањето на цивилизациските вредности, мирните демонстрации се основното право на Палестинците, а исто така го одразуваат ставот на човештвото за ова прашање" се наведува во заедничката изјава на владејачката Партија на правдата и развојот (АК партија) и опозициската Народна републиканска партија (ЏХП) и Партијата на национално движење (МХП).