Турција

Претседателот Ердоган му честиташе на премиерот Џонсон

- Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, честитајќи му на новиот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, му посака успех во новата функција

Enes Kaplan  | 23.07.2019 - Обновена : 24.07.2019
Претседателот Ердоган му честиташе на премиерот Џонсон

АНКАРА

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, честитајќи му на новиот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, му посака успех во новата функција, пренесува Anadolu Agency (AA).

Претседателот Ердоган во пораката споделена преку Твитер му честиташе на новиот британски премиер, Борис Џонсон.

„Упатувам честитки до Борис Џонсон, 77. премиер на Обединетото Кралство, и му посакувам успех во новата функција. Верувам дека во новиот период односите меѓу Турција и Велика Британија ќе се развиваат уште повеќе“, истакна претседателот Ердоганпретседателот Ердоган во пораката на Твитерна Твите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.