Enes Kaplan
24 Јули 2019•Ажурирај: 25 Јули 2019
АНКАРА
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека никакви прикриени, ниту отворени закани со санкции, не можат да ја одвратат Турција од нејзината борба за вистината и легитимните интереси на нејзиниот народ, јавува Anadolu Agency (AA).
Дирекцијата за комуникации при Уредот на турскиот претседател ја објави пораката на Ердоган по повод 96-годишнината од потпишувањето на Мировниот договор од Лозана, со кој Република Турција ги доби денешните граници.
Станува збор за мировен договор потпишан меѓу Турција и силите на Антантата, со кој беа поставени темелите и границите на модерна Република Турција, а Ердоган во пораката истакна дека истовремено се одбележува и јубилејната 100-та годишнина од почетокот на борбата за независност на таа земја.
„Лозанскиот договор е документ за независност на Турција, што е извојувана со борбата против најсилните војски на светот. Токму како и пред 100 години, Турција и денес е способна и одлучна да ја брани својата независност, опстанок, мир и безбедност на своите граѓани“, порача Ердоган.
Ердоган, исто така, порача дека Турција со последните потези и активности во Источен Медитеран и на северниот дел на Сирија јасно ја покажала својата определеност и одлучност во борбата за правата и интересите на својот народ и кипарските Турци.
„Никакви прикриени, ниту отворени закани со санкции, нема да ја одвратат Турција од нејзината борба за правда“, порача Ердоган и оддаде чест на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, и на сите шехиди и борци за турска независност.