Muhammed Boztepe
23 Јули 2019•Ажурирај: 25 Јули 2019
АНКАРА
Воените делегации на Република Турција и САД започнаа работни состаноци во врска со воспоставувањето безбедносна зона во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека состаноците започнале во просториите на институцијата во Анкара.
Во соопштението се наведува дека во пресрет на почетокот на работните сесии, турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, и американскиот претставник за Сирија, Џејмс Џефри, постигнале согласност за координирана и заедничка работа на воспоставување безбедносна зона за цивилите во северниот дел на Сирија.
Работните состаноци на турските и американските воени делегации ќе се водат и во текот на наредните денови.