Ekip
15 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Од воени извори се дознава дека во операциите на турските воени сили, во руралните подрачја на градовите Чукурџа и Јуксекова од областа Хакќари, од 24 август досега биле неутрализирани 510 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во операциите во последните три месеци, исчистени се подрачјата коишто беа окарактеризирани како непристапни поради утврдуеите позиции на терористите. Безбедносните сили со своите операции во подрачјата извршија сериозен психолошки и физички притисок врз терористите.
- Конфликт меѓу две групи на ПКК преку комуникациските уреди
Поради постојаните, непрекинати операции на безбедносните сили, терористичките елементи сѐ повеќе губат здив и им се нарушува моралот, што е забележано во еден раговор меѓу терористите. Единиците кои се дел од командата на Третата дивизија на Хакќари, при прислушувањето на комуникацијата на терористите дознале дека меѓусебно се судриле две терористички групи.
Судирот се случил во близина на подрачјето Шетунус, што е потврдено од локалните извори. Од разговорот што терористите го воделе преку радиоуреди се дознава дека во судирот има загинати и ранети. Откако се чуле десетици истрели од огнено оружје источно од подрачјето на Тарзо Тепе, терористите започнале разговор преку радиоуреди: „Ги убивме Џиван и останатите четворица, останатите избегаа кон страната на непријателите, ги следиме“.
Судирот настанал меѓу новите членови на организацијата и постарите членови, бидејќи новите членови на ПКК биле принудувани да застанат во првите борбени редови. Бидејќи очигледно биле испраќани во смрт, настанала пресметка меѓу новите и старите членови на ПКК.
И претходно била забележана ваква комуникација меѓу членовите на организацијата преку радиоуредите. Безбедносните сили ги презедоа потребните мерки против терористите кои пребегале кон Турција.
- Прв судир во рамките на организацијата
По фаќањето на лидерот на сепаратистичката терористичка организација, вчерашниот судир претставува прв ваков судир меѓу групи во рамките на организацијата. Години наназад, сличен настан се случи во Кандил, по кој сепаратистичката терористичка организација доживеа голем колапс. Ваквата ситуација, особено извршувањето на решителни и ефикасни операции во подрачјето на Даглиџа – Чукурџа, покажува дека организацијата се наоѓа во фаза на распаѓање.