Aynur Ekiz
13 Јануари 2017•Ажурирај: 14 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - ПЈД/ЈПГ по наредба на Абдула Оџалан е формирана со одлука на 8. Конгрес на ПКК, и го користи истиот терористички басен и истиот раководен кадар. Името може да е различно од ПКК, но ги користи функциите на организацијата спроведувајќи сепаратистички и терористички акции, јавува Anadolu Agency (AA).
Според процената на информациите од дописникот на АА, ПЈД е поддржан првенствено од САД, но и од голем број европски земји. САД се обидува ПЈД и неговото воено крило ЈПГ да ги претстави како една одделна структура, но органската поврзаност со терористичката органзиација ПКК, од формирањето досега може отворено да се забележи.
ПЈД/ЈПГ го искористуваат хаосот што владее во Сирија, и влегувајќи во судир со ДЕАШ, се обидуваат да добијат популарност на меѓународно поле. Колку и да се негира органската поврзаност со ПКК, се знае дека таа е основана по наредба на лидерот на терористичката организација, Абдула Оџалан.
Во април 2002 година, на 8. Конгрес на ПКК беше донесена одлука според која, во 2003 година во Сирија беше формирана ПЈД – „Партија на демократската унија“. Лидер на организацијата од 2003 до 2010 година бил Фуат Омер. Во тој период, режимот на Асад не гледал со симпатии на оваа организација и ги привел нејзините членови. Голем број членови, меѓу кои и Салих Муслим, биле принудени да избегаат во северен Ирак.
Во 2011 година, која започна во знакот на „Арапската пролет“ и државните пресврти, организацијата започна да соработува со режимот, по што повторно ѝ беа дозволени политичките и оружени активности, а притворените членови беа ослободени.
- Соработка меѓу ХПГ-ПЖАК-ЈПГ
Терористите на ХПГ кои се под капата на ПКК, во настаните именувани како „Одбрана на Кобани“, преминаа во редовите на ЈПГ, вооруженото крило на ПЈД. Со ова отворено се забележува меѓусебната поврзаност на ХПГ, ПЖАК и ЈПГ како дел од ПКК--КЏК.
Во весникот „Волстрит журнал“ ѝ беше дадено место на една вест во која зборува поранешен војник на САД, Џеми Лејн. Во веста Лејн истакнува: „ПКК и ЈПГ воопшто не се разликуваат. Членовите на ПКК само менувајќи ја униформата, стануваат ЈПГ“, и додава дека кога еден милитант се бори, во Турција себеси се претставува како ХПГ, во Иран ПЖАК, додека во Сирија како ЈПГ.
- Терористичка организација што има извршено воени злосторства
ЈПГ, военото крило на ПЈД, која вели дека нема никаква поврзаност со терористичката организација ПКК на северот од Сирија, во еден извештај е наведена како организација што во северниот дел на Сирија извршила воени злосторства.
Амнести интернешнал во својот извештај објавен на 13 октомври 2015 година, под наслов „Нема каде да одиме“, наведува дека подрачјата во северниот дел од земјата во коишто живеат Арапи и Туркмени, ЈПГ ги направил невозможни за живеење. Во извештајот се вели дека со насилното раселување на локалното население биле прекршени човечките права и дека постојат докази оти ЈПГ извршил воено злосторство.
Во извештајот е наведено дека во северниот дел на Сирија, припадниците на ПЈД, кој е под команда на автономното раководство, пукале врз арапските и туркменските села, а на жителите им се заканиле со смрт доколку не го напуштат подрачјето.
- Терористите се борат и во редовите на ПКК и во ЈПГ
Еден од примерите дека терористите се борат и во редовите на ПКК и во ЈПГ е Енвер Ѓунѓор, „одговорниот за потези во Турција“ на младината на ПКК, познат под псевдонимот „Ферман“.
Ѓунѓор е фатен на 14 февруари 2016 година, како преку илегални патишта се обидува да влезе во Турција. Ѓунѓор во својата изјава рекол дека на 30 март 2014 година заминал за Кандил, за да земе обука за ракување со оружје, по што заминал во Кобани за да војува против терористичката организација ДЕАШ.
Енвер изјавил дека во јуни 2015 преминал во Турција и организирал состаноци во врска со акциите што требало да се спроведат на територијата на Турција. Тој признал дека учествувал во неколку оружени акции изведени на територијата на Дијарбакир.